ZA NAS »

Почетна > За нас

FlyCam

FlyCam Aerial Video and Photography се занимава со снимање и фотографирање од воздух со радио контролирани мултикоптери. Ние нудиме единствени решенија кои им овозможуваат на нашите клиенти да ја искажат својата креативност и имагинација во создавање на еден совршен производ по кој ќе бидат препознаени. Снимањето од воздух ви нуди еден сосема поинаков и природен агол, но сепак комплексно и генерално скапо решение. Затоа со користење на радио контролираните мултикоптери на FlyCam добивате можност за реализција прилагодлива на вашиот буџет.

Зошто FlyCam Aerial Photography

Ви нудиме можност да брзо, ефикасно и поволно добиете видео снимки и фотографиии од воздух. Спремни за снимање 10 минути по пристигање на локација со можност за летање над секаков терен со многу мал простор потребен за полетување и слетување. Видеото и фотографиите од воздух нудат несекојдневен поглед кон нештата и привлекуваат големо вниманите, а токму вниманието е она за што сите ние се стремиме.

Технички карактеристики

FlyCam поседува пет радио контролирани мултикоптер.
Три октокоптер DJI S1000
Од кои едниот е опремен со жироскопски стабилизатор за Canon 5D MarkIII, едниот е опремен со жироскопски стабилизатор за Panasonic GH4 и третиот е опремен со универзален жироскопски стабилизатор кој може да подржи камери до 3 килограми.Автономија на снимање на овој модел на октокоптер со едно полнење е околу 120 минути, со можност за подолг континуитет доколку имаме пристап до електрична енергија или агрегат.
Еден Хексакоптер DJI F550
Овој модел на мултикоптер е опремен со најновиот стабилизатор во три оски за GoPro. Автономина на снимање со едно полнење е 40 минути, со можност за подолг континуитет доколку имаме пристап до електрична енергија или агрегат.
Еден Квардкоптер DJI Phantom 3
Овој модел е опремен со жироскопски стабилизатор и сопствена камера која има можност за снимање и во 4К резолуција како и Full HD со 60fps.

Останата опрема

Full HD видео линк со 0 секунди доцнење со можност за live broadcasting или со пренос на видео бим

Wireless Follow Focus

DJI Ronin

DJI Ronin M

FlyCam Услуги/Специјалности

  • Градови, региони, земји
  • Aгенции за недвижности
  • Угостителски објекти
  • Спортски настани
  • Видео продукции
  • Градежни фирми
  • Компании за осигурување
  • Архитекти
  • Филмиски продукции
  • Маркетинг агенции
  • ...
  • Контакт

    Горан Георгиевски
    лок: Црвен Вода бр.4/2а
    Над Броз Кафе, Скопје
    тел: +389 2 615 8289
    моб: +389 71 288 588
    info@flycam.mk

    Социјални мрежи

 

Developed by ID Solution

FlyCam

FlyCam
Горан Георгиевски - Професија, стручност
777 288 588, info@flycam.mk